Полска подигнува ограда на границата со руската енклава Калининград

Полскиот министер за одбрана изјави во средата дека започнува градење ограда по должина на границата со руската балтичка енклава Калининград за наводно да се спречат илегални преминувања на мигранти, коишто Варшава мисли дека Русија сака да ги олесни.

Полска веќе има физичка ограда со сензори за движење и камери на границата со Белорусија којашто ја обвинува за наводно намерно пропуштање на мигрантите кои сакаат да влезат во Европската унија,

„По воведувањето летови од Блискиот исток и северна Африка за Калининград, решив да дејствувам во смисла на јакнење ба безбедноста на границата со калининградската енклава. Почнуваме со градење на привремена ограда“, изјави за новинарите Мариуш Блашчак без да презентира конкретни податоци.

Оградата ќе ја сочинуваат три реда бодликава жица висока 2,5 метри и со просечна широчина од 3 метри, како и со електронска опрема. Работите започнуваат „веќе денеска“ на копнената граница долга 210 километри, истакна полскиот министер.

Поради наводната „хибридна војна со мигрантска криза“ која против Полска наводно ја водат Белорусија и Русија, Варшава минатата 2021 година постави појас со широчина околу 3 километри и долг повеќе од 400 километри на белоруската граница.

Пристапот кон таа зона е забранета за сите лица без дозвола за престој, па и за претставниците на невладините организации кои им помагаат на мигрантите и за новинарите, што не наидува на вообичаената осуда.

Полските власти известуваат дека наводно секојдневно враќаат мигранти кои се обидуваат во земјата, но и натаму стотици влегувале, но не одговараат на обвинувањата за убивање и мачење на илегалните мигранти.