Полска поради Covid-19 ги враќа рестриктивните мерки и го органичува прекуграничниот сообраќај

Полска планира да го ограничи сообраќајот на своите јужни граници со Чешка и со Словачка и да воведе построги рестриктивни мерки во некои од потешко погодените региони од коронавирусот, објави во средата министерството за здравство.

Бројот на новозаразените со короанвирусот во средата изнесувал 12.146 лица, објави министерот за здравство Адам Нједзилески за радиото TOK FM. Полска последниот пат имаше повеќе од 10.000 нови случаи на коронаинфекциите на дневно ниво на почетокот од јануари.

„Имаме многу динаичен раст од ден во ден и во споредба со минатата седмица“, изјави полскиот минитер за здравства.

Власите одлучиле да се ограничи доаѓањето од Чешка и од Словачка поради лошата епидемиолошката ситуација во овие земји, додаде министерот.

Полските власти во некои региони, особено на североистокот од земјата, планираат да вратат некои неодамна укинати рестриктивни мерки, можеби дури и да ги затвори хотелите и училиштата, додаде министерот Нједзиелски. Полска најверојатно ќе ја напушти опцијата лицата во јавноста да е прекриваат со пластични визири или со шалови, што моментално како алтернатива со маски.