Фудбалерите на Полска се пласираа на Светското првенство кое на крајот од годината ќе се игра во Катар, откако на домашен терен во вторникот вечерта со 2:0 ја поразија селекцијата на Шведска.
Во финалето од дополнителните квалификации на стадионото во Хоржов, Полска ја скрши Шведска со головите постигнати во второто полувереме, а стрелци беа Роберт Левандовски од пенал во 49 минута, Пјотр Зјелински.
Полска беше слободна во полуфиналето, откако УЕФА ја отстрани од натпреварувањето репрезентацијата на нејзиниот ривал Русија поради војната во Украина. Шведска, пак, до овој дуел се избори со домашната победа над Чешка.
Шведските фудбалери оставија подобар впечаток во првиот дел, иако тогаш се играше многу тврдо и претпазливо. Но веднаш на почетокот на вторите 45 минута поведе Полска, откако Карлстром направи прекршок над Криховјак а Левандовски беше сигурен резлизатор од белата точка.
Набрзо Шведска имаше две убави можности за израмнување, прекуо Форсберг и Лиделог, но домашната мрежа не се затресе. Шведска продолжи да напаѓа во бранови, но вториот погодок на 20-ина минути пред крајот дефинитивно ги пресече.