Полска пријави рекорд од безмалку 30.000 дневни зарази со коронавирусот

Полските здравствени валсти пријавија во средата 29.978 дневни случаи на зараза со коронавирусот, најмногу од почетокот на пандемијата.

Уште 575 луѓе починале како последица на компликациите предизвикани од Covid-19, со што бројот на починатите се зголеи на 50.340 луѓе.

Ситуацијата во Полска е полоша отколку во текот на претходните пикови на епидемијата минатата есен, бидејќи повеќе луѓе мора да бидат хоспитализирани, и покрај споредливиот број на вкупните зарази, изјави министерот за здравство Адам Нједжиелски.

Британскиот сој на коронавирусот, многу позаразната мутација од оригиналниот распространетиот вирус, сега е доминантен во Полска.

Во целата земја зафатени се околу 75 отсто од достапните болнички кревети за пациентите заболени од Covid-19. Истото важи и за болничките кревети опремени со респиратори за потешките пациенти, изјави премиерот Матеуш Моравјецки. Притоа предупреди дека „најтешкото допрва е пред нас“.

Новите рестриктивни мерки поради коронавирусот, вклучитено и затворање на училиштата, хотелите, културните институции и спортските објекти, се применуваат во Полска од саботата, но новите ограничувања допрва ќе следат. Според премиерите, новиот сет ограничувања за седмиците пред и по католички Велигден, ќе бидат објавени во четврток.