Полска со вакцината на „AstraZeneca“ ќе ги имунизира лицата од 18 до 60 години

Полска со вакцината на „AstraZeneca“ против Covid-19 ќе ги вакцинира само лицата на возраст од 18 до 60 години, изјави денеска советникот на полскиот премиер задолжен за вакцинацијата, Михал Дворчик, врз основа на препораките на медицинскиот совет во земјата.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача вакцината на англо-шведската фарамцевтска компанија „AstraZeneca“ и Универзитетот Оксфорд против коронавирусот за употреба во ЕУ само кај лица постари од 18 години, но, исто така, и наведе дека се уште нема доволно резултати за ефикасноста на вакцината кај луѓето постари од 55 години, пренесуваат британските медиуми.

Германскиот комитет за вакцини во четвртокот препорача вакцината на „АстраЗенека“ да им се дава само на лицата од 18 до 64 години возраст, а истата препорака во неделата ја дадоа и медицинските експерти во Австрија.