Полска соопшти дека американскиот ракетен штит е одложен до 2020-та

Поради технички причини ќе се одложи завршувањето на полскиот дел од американскиот одбранбен штит против проектили за две години, до 2020 година, објави во четвртокот министерството за одбрана на Полска.

Антиракетните позиции во близина на полскиот брег на Балтичкото Мое се дел од одбранбениот чадор на НАТО, коишто, кога ќе биде довршен, треба да се протега од Гренланд до Азорите.

Американските власти известиле дека за доцнењето на работите на инсталацијата Редзиково е одговорен изведувачот на работите, соопшти полското министерство за одбрана.

Функционерите на НАТО, кој во 2016 година ја презема контролата на овој ракетен штит, велат дека цел на овој одбранбен систем е одбрана од земјите како што се Иран и групациите како Ал Каеда. Меѓутоа, Русија остро реагираше бидејќи тој се распоредува на нејзините граници и им порача на земјите во кои се инсталира дека стануваат легитимни цели на нејзините ракетни системи, бидејќи смета дека претставува закана по нејзината безбедност.

САД во мај 2016 година го активираа романскиот дел од штитот кој чинеше 800 милиони долари и подоцна истата година ги започнаа работите на позициите во Полска. Целосниот штит, исто така, вклучува бродови и радари ширум Европа, а со него се управува од американската воена база во Германија.