Полска во Вараждин ја елиминираше Хрватска од кошаркарското СП

Полската кошаркарска репрезентација ја победи домашната Хрватска со 77:69 (8:16, 24:20, 29:23, 16:10) и го потври својот настап на Светското првенство во Кина годинава и пред последното квалификациско коло во групата Ј, додека хрватската селекција со поразот ги загуби и теоретските шанси за пласман.

Филип Крушлин со 21 кош беше најдобат стрелец кај Хрватска, Миро Билан и Хрвоје Периќ постигнаа по 10 поени а Тони Катиќ осум. Полјаците до вредната победа и првиот пласман на Светско првенство по 1967 година ги предводеа Матеуш Понитка со 20 кошеви и осум скокови, и Еј-Џи Слоугтер со 15 поени и пет асистенции.

Полјаците натпреварот го завршија со 42 отсто на путот од игра, а Хрватска со само 31 процент, иако по седум минути игра имаа водство од 14:0 а потоа и водство од плус шест во 29 минута, по што гостите на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина направија серија од 10:0 со која дојде до победата. Полската селекција впиша 45 скокови, а Хрватска – 36.

Во групата Ј подоцна вечерва се играат дуелите Холандија – Литванија и Италија – Унгарија, но без разлика на исходите во Ки на од оваа група се пласираа Литванија, Италија и Полска кои се на првите три позиции, Унгарија е четврта, Хрватска петта а последна е Холандија.