Полска забележа рекорден број починати од Covid-19

Полска во вторникот забележала рекорден број 58 смртни случаи како последица од компликациите придизвикани од заразата со новиот коронавирус, објави министерството за здравство.

Полска, која има 38 милиони жители, потврди во вторникот и 2.236 нови случаи на заразата, што е блиску до рекордот од саботата со 2.367 случаи. Така, од почетокот на епидемијата во земајта се регистрирани 104.316 случаи на заразата и 2.717 смртни исходи, што е многу помалку во однос со другите европски земји.

Податоците покажуваат и забрзан раст на бројот на хоспитализираните и пациентите кои е на респоратори. Според министерството за здравство, во моментов на респиратор се 263 пациенти, а бројот на хоспитализираните изнесува 3.719 пациенти, во споредба со 141 кои биле на респиратор и 2.399 во болнции пред една седмица.

„Сѐ повеќе луѓе завршуваат во болниците, но и сѐ повеќе завршуваат на одделите за интензивна нега, бидејќи се неопходни респиратори. Тоа е многу загрижувачки“, изјави заменикот министер за здравство Валдемар Краска за телевизијата Polsat News.

Коментирајќи ги медиумските написи дека на Полска ѝ се заканува недостиг од лекот „ремдисивир“, Краска потврди дека некои билници во земјата навистина не располагаат со него. Додаде дека министерството планира да го зголеми бројот на болничките кревети за пациентите со Covid-19, и најави промени околу прописите за носење маски.

Полска беше меѓу првите земји во Европа која по избувнувањето на пандемијата воведе строги карантински мерки, а владејачката национално-конзервативна партија Правда и справедливост (PiS) порача дека сака да го избегне повторното воведување на карантинот, порад економската штета со воведувањето на ограничувањата во најмногу погодените области.

Додека претходно на индустрискиот југ имаше најмногу заразени, со жаришта меѓу рударите, во изминатите седмици најмногу случаи се забележани во централна и во северна Полска. Сопот, летувалиште на Балтичкото Море, е додадено на листата најтешко погодени области со најголемио рестрикции.

Постои опасност и главниот град Варшава да биде додадена на листата области со зголеми ограничувања на движењето, објави министерството за здравство. Владата ги претстави новите мерки за областите со најголем број заразени, кои вклучуваат затворање на баровите и ресторани во 22 часот.