Варшава има право да бара воена отштета од Германија којашто и можела да изнесува 850 милијарди американски долари за уништените имоти и убиените во текот на Втората светска војна, изјави во петокот Арјадиуш Муларчук, полски политичар задолжен за прашањата на репарацијата.
Владејачката конзервативна полска партија Правда и справедливост (PiS) го заживеа прашањето на воена периодот кога израелските политичари обвинуваат дека сака да ја забошоти улогата на Полјаци во германските нацистички воени злосторства против Евреите во текот на Втората светска војна.
Германските правни експерти изјавија минатата година, дека, како и во случајот со Грција, ниту Полска има право да бара воена оштета од Германија.
Полската влада, сепак, не упати директно барање до Германија, но тоа прашање може да доведе до нови тензии меѓу две влади во Европската унија, сметаат аналитичарите. Германија е најголем трговски партнер на Полска, којашто е најголемиот примач на средства од европските фондови.
„Зборуваме за многу големи, но оправдани суми за воените злосторства, за уништените градови, загубениот демографски потенцијал на нашата земја“, изјави шефот на парламентарната комисија за репарација, Аркадиуш Муларчук за Polsat News.
Вели дека воената отштета од Германија би можела да достигне 850 милијарди долари, но таа сума би била ревидирана откако ќе се направат нови процени подоцна во текот на годинава. Пратеникот на PiS додава дека Полска никогаш не добила воена отштета од Германија.