Полскиот парламент го одобри градењето на ѕидот на границата со Белорусија

Полскиот парламент го одобри во петокот градењето на ѕидот на границата со Белорусија како одговор на засилениот притисок на мигрантите, главно од земјите од Блискиот исток.

Се очекува дека градењето на повеќе од 100 километри долгиот ѕид на надворешната гранциа на Европската унија, ќе чини 353 милиони евра. За да стапи на сила овој закон, сега е потребен потписот на претседателот Анджеј Дуда, кој веќе најави дека тоа ќе го стори следните денови.

Полска во август на својата граница започа со поставување бодликава жица, а наскоро ќе решава за градење на ѕидот со сензори за движење и камери, кои ќе ја чинат повеќе од 407 милиони американски долари.

Полската влада го обвинува белорускиот претседател Александер Лукашенко дека организирано ги испраќање мигрантите и бегалците од кризните области на надворешните граници на ЕУ. Минск во мај годинава порача дека веќе нема да ги згрижува на белоруската територија како одговор на санкциите кои Брисел ги воведе против оваа земја како дел од притисок да го натера претседателот Александер Лукашенко да се повлече до должноста.

Активистите за човекови права ја обвинија на почетокот од октомври владата во Варшава за нехумано постапување кон мигрантите и дека не им дозволува да побараат меѓународна заштита. Полска одговара дека за мигрантите е одговорна Белорусија, бидејќи се наоѓаат на нејзина територија. Почската влада, исто така, наведива дека нејзината понуда за пружање хуманитарна помош е одбиена од Минск.

Европската унија, исто така, пред две седмици ги повика на одговорност Полска, Литванија и Латвија поради судбините на мигрантите кои се заглавиле во нехумани услови на нивните граници со Белорусија, како и поради извештаите за насилно однесува кон нив.