Полскиот премиер се надева дека нападот во Москва нема да биде „изговор за ескалација на насилството“

Полскиот премиер Доналд Туск им се придружи на голем број светски лидери во осудата на терористичкиот напад во концертната сала во Москва во кој загинаа 133 лица, повикувајќи на смиреност по ужасниот напад.

„Полска остро го осудува бруталниот напад врз ‘Крокус Сити Хол’ во Москва“, напиша Туск во саботата вечерта на Х, изразувајќи сочувство. „Се надеваме дека оваа страшна трагедија нема да стане изговор за некој да ескалира насилство и агресија“.

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш изјави дека сите безбедносни агенции во земјата ја анализираат и ја следат ситуацијата, најавувајќи распоредување на армијата на источната граница на земјата. Полска е една од земјите што и дава најсилна поддршка на Украина од почетокот на руската инвазија на соседната земја во февруари 2022 година.

Вооружени напаѓачи отворија неселективен оган врз постетителите пред концерт во „Крокус Сити Хол“ во североисточното предградие на Москва во петокот вечерта. Покрај рафалната стрелба од автоматски пушки напашачите употребиле и запаливи гранаи со кои предозвикаа големи пламени кои подоцна предизвикаа уривање на покривот на трговскиот центар од кој дел е концертната сала.

Одговорноста за нападот, дури со две објави во петокот ноќта и во саботата, ја презеде џихадистичката сунитска организација Исламската држава, но руските власти сѐ уште не го коментираат. Тие, наведувајќи искази од првите сослушувања на уапсените за нападот наведуваат дека терористите контактирале „со некој на украиската страна“. Украинската страна, пак, уште пред наводното признание на Исламската држава објави дека не е никако поврзана со терористичкиот напад во Москва.

Четворицата уапсени веднаш по нападот во салата со од порано подготвен автомобил „рено“ кој го купиле во јануари се упатиле кон границата со Украина, а рано утрото во саботата се запрени и по престрелка совладани во областата на Брјанск, на колу 100 километри од граничната линија.