Полскиот претседател ја критикуваше ЕК за блокирање на средствата

Полскиот претседател Анджеј Дуда во неделата ја критикуваше Европската комисија за блокирање средства од фондовите на Европската унија, бидејќи, како што рече, тоа е „обид да се принуди Полска да ја смени“ владата, додавајќи дека е отворен за преговори за промени во праводсуниот систем во земјата.

Последниот состав на полската влада, предводена од суверенистичката конзервативна партија Право и правда (PiS), имаше долгогодишен спор со бирократијата во Европската унија во врска со судските реформи и владеењето на правото, што резултираше со замрзнување на милијарди евра од заеднилктие фондови на ЕУ за Полска.

Новата полска таканаречена проевропска влада која додека беше во опизиција имаше силна поддршка од институциите на ЕУ, вети дека ќе го врати пристапот на земјата до парите со враќање на владеењето на правото, но преземајќи непопуларни мерки како што е затворање на државнтие медиуми и отпуштање на новинарите кои работеа во нив, се соочува со отпор од поддржувачите и сојузниците на поранешната владејачка партија, вклучително и претседателот Анджеј Дуда и судиите во повисоките судски истанци во земјата.

„Не се сомневам во причината за блокирање на парите на Европската комисија од Националниот план за закрепнување, бидејќи тоа е чисто политичка акција насочена против претходната полска влада“, рече Дуда на прес-конференција во Вилнус.

„Тоа е обид да се натера Полска да ја смени владата. Така го разбрав, а актуелните настани само го потврдуваат тоа“, додаде Дуда.

Никој од Европската комисија не бил достапен за коментар по барање на агенцијата Reuters.

Дуда рече и дека е отворен за преговори и предлози за бројни промени во полскиот правосуден систем, но посочи дека нема да дозволи проверки на судиите назначени за време на неговиот мандат.

Изборите одржани на 15-ти октомври ставија крај на осумгодишното владеење на PiS, иако конзервативците поединечно освоија најмногу гласови и мандати но недоволно за формирање парламентарно мнозинство коешто би ја поддржала нивната нова владад, а новата влада предводена од поранешниот претседател на Европскиот совет и полски премиер Доналд Туск вети дека ќе го врати пристапот до фондовите на ЕУ.

Во декември, Европската комисија објави дека ќе префрли пет милијарди евра во Варшава од делот на Полска од 60 милијарди евра што блокот ги одвои за закрепнување по ковид-19. Во саботата полската министерка за фондови и регионални политики Катаржина Пелчинска-Налец изјави за приватната телевизија TVN24 дека Полска ги исполнила условите за поднесување документи кои се клучни за добивање пристап до структурните фондови на ЕУ.