Полскиот ракометен „џин“ потпиша за Еурофарм Пелистер

Високиот 210 сантиметри ракометар Матеуж Пиеховски, е првиот полски ракометар во дресот на клубот од Битола.

„Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека нов член на нашиот клуб е полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски. Повремениот полски репрезентативец, кружен напаѓач и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб.

Пиеховски потпиша договор на 18 месеци и официјално ќе биде претставен следната седмица, се вели во клупското соопштение.