Полските платеници претрпеле големи загуби во Украина, соопштија сепаратистите

Полските платеници коишто на истокот од Украина се борат на страната на властите во Киев, претрпеле сериозни загуби во жива сила во борбите кај селото Камишевах во одметнатата доминантно рускојазична Народна Република Луганск, пренесува агенцијата РИА повикувајќи се на командантот на сепаратистичкиот Козачки полк.

Како што изјави неименуваниот соговорник на агенцијата кој учествувал во борбите, единиците од 6-от Козачки полк на Народната милиција на самопрогласената Народна Република Луганск, заедно со единици од полкот „Ахмат Кадиров во Камишевах водат борби со силите на украинската територијална одбрана и полски платеници.

Пробивот до непријателските позиции, вели изворот, бил изведен под постојан оган од страна на украинските сили кои просторот го контролирале со беспилотни летала.

„Јасно слушаме полски говор и команди. Покрај тоа, тие активно ги користат нивните бесшумни 60-милиметарски минофрлачи, како и беспилотните летала со висечки бомби“, раскажал прорускиот борец.

Според него, не станува збор за поединечни полски борци, туку за добро организиран одред, кој во борбите изминатиот викенд, без процена за бројот на жртвите.

Претходно во петокот руското министерство за одбрана објави дека досега во Украина влегле 6.956 платеници од странство, од кои животот го загубиле 1.956, заминале 1.779, а останале 3.211. Рекордер според бројот на платеници е Полска со 1.831, од кои загинале 378, 272 се вратиле назад а се уште војуваат 1.181.