Полските политичари и натаму заинтересирани за нуклеарно оружје на својата територија

Лидерот на владејачките полски конзервативци од Правда и справедливост (PiS),Јарослав Качински изјави во саботата дека Полска ќе има полза од тоа на нејзината територија да биде распоредно нуклеарно оружје, но дека тоа во моментов не е возможно.

„Сакаме да имаме силна армија од сите аспекти, освен што не планираме да имаме нуклеарно оружје, бидејќи тоа во моментов е невозможно, иако би било корисно за нас“, рече Качински на средбата со жителите на Мишков, во југозападна Полска.

Информираше за обидот на официјална Варшава да ја искористи војната во Украина и заканата на Русија за да ја вооружи Полска со нуклеарно оружје барем преку американската програма за нуклеарно споделување, во која пет земји во Европа имаат нуклеарно оружје стационирано во нивните бази и можат да го користат по одобрение од САД.

„Проблемот е, пред сè, што немаме нуклеарно оружје. Ништо не укажува дека Полска би можела да го има во блиска иднина. Секогаш постои потенцијална можност за учество во Програмата за нуклеарно споделување. Разговаравме со американските лидери дали САД размислуваат за таква можност. Темата е отворена“, рече Дуда претходно месецов во интервју за неделникот Gazeta Polska.

Претседателот Дуда и неговото тврдење за разговорите меѓу Варшава и Вашингтон веднаш беа демантирани од Пентагон и американската администрација.

„САД не планираат да распоредат нуклеарно оружје на територијата на членките на НАТО кои се приклучија на Алијансата по 1997 година“, изјави портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Лидерот на полската опозиција, долгогодишен поранешен премиер, а потоа и претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, ги коментираше напорите на актуелната влада да дојде до нуклеарно оружје предупредувајќи дека не знае дали тогаш Русите треба да се плашат, но Полјаците секако треба.

„Влада со толку лоши квалификации, такви глупости, кога таа би имала и нуклеарно оружје, не знам дали Русите би се исплашиле, но ние (Полјаците) навистина би морале да се плашиме. Додека овие политички чудовишта владеат со нашите животи избирам да немаме на располагање атомско оружје“, одговори Туск.