Полските власти не дојдоа на разговорите со украинските колеги за блокадата на границата

Делегација на украинската влада дојде на границата со Полска во петокот до вечерта по протестот на полските земјоделци кои ги блокираа товарните камиони од украинските производители, но украинскиот премиер Денис Шмихал рече дека функционерите од Варшава не се појавиле.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно побара од полскиот премиер Доналд Туск, полскиот претседател Анджеј Дуда и претставниците на Европската унија да дојдат на украинско-полската граница за да разговараат за протестите на фармерите, но неговото барање не беше прифатено.

„(Зеленски)… На полското раководство му понуди место за договар и да најде компромис. Овде, на границата. Како рамноправни партнери и сојузници. И владата на Украина е тука денеска. Но, за жал, таква средба со полскиот официјални лица не е можно денеска да се одржи“, напиша премиерот Шмихал на платформата Telegram.

„Блокадата ја погоди целата полско-украинска трговија и економијата на нашите земји. Не само Украина губи од неа, туку и полските претприемачи кои годишно извезуваат стоки во вредност од 12 милијарди долари на нашиот пазар“, додаде Шмихал.

Шмигал истакна дека во последните шест месеци Украина живее под постојана блокада од Полска. Според него, тоа ја погодило економијата на земјата и нејзината „способност подобро да се брани“ од руската агресија.

Од своја страна, полскиот претседател Анджеј Дуда им рече на новинарите дека не гледа смисла да преговара со локалните фармери, бидејќи за овој проблем треба да се разговара во Брисел.

„Што да преговараме на граница со земјоделците? За да престанат да протестираат? Според мене тие се во право“, нагласи шефот на државата.

Истовремено, тој појасни дека со премиерот Доналд Туск разговарал за актуелната ситуација и го советувал да се обиде да ја реши на ниво на Европската унија.

Претходно Зеленски го повика полскиот премиер Доналд Туск да дојде на заедничката граница до саботата (24-ти февруари) за да се разреши ситуацијата со транспортната блокада, изјавувајќи дека е подготвен да пристигне таму заедно со членовите на украинската влада.

Многу Полјаци ги поддржуваат протестите, ставајќи го Туск во тешка позиција обидувајќи се да ги исполни нивните барања, а во исто време ја поддржуваат Украина во војната со Русија.

Полско-украинските односи  станаа значително покомплицирани поради ембаргото за украинските земјоделски производи. Во јуни 2022 година, ЕУ ги укина давачките за сите стоки што доаѓаат од Украина, но тоа доведе до проблеми со продажбата на производите на европските земјоделци. На крајот од март 2023 година, Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка се обратија до шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со барање да интервенира во кризата. Комисијата усвои привремени рестриктивни мерки за елиминирање на логистичките тешкотии кои беа на сила неколку месеци, а потоа го обврза Киев да воведе контрола на извозот.

По ова властите на Словачка, Унгарија и Полска објавија дека ја продолжуваат забраната еднострано, а Украина поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО – WTO). Како одговор, трите земји членки на ЕУ најавија дека ќе ги бојкотираат состаноците на платформата за координација за украинските житарки.

Земјоделците ширум Европа протестираат против ограничувањата наметнати од мерките на ЕУ за борба против климатските промени, како и зголемените трошоци и она што тие тврдат дека е нелојална конкуренција, особено од Украина по одлуката на ЕУ во 2022 година да ги укине царините за увоз на украинска храна за да и помогне на земјата во текот на војната.