Полските земјоделците се судрија со полицијата на протестот во Варшава

Десетици илјади земјоделци и нивните поддржувачи во средата предупредија дека ќе ја блокираат Полска, по насилните судири со полицијата пред парламентот на земјата во Варшава. Демонстрантите се собраа пред канцеларијата на премиерот во полскиот главен град, палејќи гуми и фрлајќи петарди, барајќи да се запре евтиниот увоз на земјиделски продукти и еколошките регулативи за кои велат дека се закан за нивната егзистенција.

Во средата во судирот со полските фармери полицијата која употреби солзавец на протестот пред парламентот во Варшава. Илјадници земјоделци се собраа во полската престолнина, палејќи гуми и фрлајќи пиротехнички средства, барајќи прекин на евтиниот увоз и еколошките регулативи за кои тврдат дека го загрозуваат нивниот бизнис.

„Поради физичката агресија на дел од демонстрантите врз полицајците, неопходно беше да се применат директни присилни мерки. Однесувањето кое ја загрозува безбедноста на нашите полицајци, вклучително и фрлањето камења по нив, не може да се сфати лесно и бара цврст и решителен одговор“, “, напиша варшавската полиција на платформата Х.

Од полицијата додаваат дека неколку полицајци се повредени, а десетина лица се уапсени.

Очевидец од протестот за Reuters рекол дека полицијата употребила солзавец против демонстрант со полско знаме и друг кој фрли предмет кон нив.
Локалните медиуми објавија снимки од неколку демонстранти кои се обиделе насилно да влезат на територијата на парламентот, пред да бидат спречени од полицијата.

Претходно во средата, дел од демонстрантите носеа, а потоа запалија ковчег со натпис: „Земјоделец, живеел 20 години, убиен од зелениот план“.

Демонстрантите ја окупираа улицата пред кабинетот на премиерот и свиркаа и трубеа пред да тргнат кон парламентот. Полската телевизија прикажа снимка од трактори на влезот во Варшава кои го блокираат патот до центарот на градот, како и блокади низ земјата.

Земјоделците ширум Европската унија бараат укинување на ограничувањата од Зелениот план наменет за борба против климатските промени, како и воведување тарифи за увоз на земјоделски производи од Украина, кои беа укинати по руската инвазија.

Ова создава деликатна ситуација за владата на Доналд Туск во година кога ја чекаат локални и европски избори и во која се обидува да одговори на барањата на земјоделците, но и да ја задржи поддршката за Киев. Земјоделците, кои го исполнија ветувањето дека ќе се вратат во Варшава, откако дел од нив маршираа низ главниот град пред една седмица, ги поддржува најголемиот синдикат во земјава Соидарност (NSZZ Solidarsnosc), како и ловџиите и шумарите.

Премиерот Туск тврди без никакви релевантни докази дека нарушувањата на пазарот не се предизвикани само од производите од Украина, туку наводно и од Русија и Белорусија, двете земји кои се од санкциите на Европската унија повеќе години. Во понеделникот тој најави дека Полска ќе побара од ЕУ да го забрани увозот од тие две земји и ги повика земјоделците на состанок во сабота.