![polufinalen duel so Roma](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/polufinalen-duel-so-Roma.jpg?resize=615%2C400&ssl=1)
Последниот четвртфинален натпревар од Купот на Италија, дуелот на “Сан Паоло” помеѓу екипите на Наполи и Лацио заврши со минимален триумф на “азурите”, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 82 минута беше дело на аргентинскиот интернационалец, Гонзало Игуаин.
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев, го започна натпреварот, а во 76 минута беше заменет со словачкиот интернационалец, Марек Хамшик.
Моментално второпласираниот тим во италијанската Серија А, Рома, ќе биде следниот противник на Наполи, а римската “волчица” ќе биде домаќин на првиот натпревар кој ќе се одигра на 5 февруари.
Во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат екипите на Фиорентина и Удинезе.