Полуиспушената пура на Черчил ќе биде понудена на наддавање

Љубителите на историјата ќе имаат шанса да наддаваат за сувенири од двајца поранешни британски премиери на аукција овој месец.

Полуиспушената пура на Винстон Черчил и лулето на Харолд Вилсон ќе бидат понудени на аукција од Catherine Southon Auctioneers & Valuers на 19-ти јули.

Черчил уживал во полуиспушена полуизџвакана пура во неговата резиденција во Чартвел додека го гледал филмот „Бен Хур“. Подоцна му ја дал на полицаецот Ентони Гандри, кој бил дел од тимот за обезбедување во неговата семејна куќа и го молел Черчил да му ја даде како спомен.

Божикната честитка испратена до сопственикот во 1963 година и писмото со кое се потврдува пурата означена со „Ромео и Јулија“, сега се ставени на продажба од семејството на полицаецот и се очекува да достигнат цена меѓу 700 и 900 евра.

За споредба, исто така до половина испуштена пура којашто Черчил ја пушел во текот на својата прва посета на француската престолнина Париз  11-ти мај 1947 на аеродромот „Ле Бурже“ на наддавање на аукциската куќа RR Auction од Бостоне во октомври 2017 година беше продадена за 12.000 американски долари.

Оваа цигара е од познатата кубанска марка „La Corona“ и има етикета со името на Черчил.

Во меѓувреме, дрвеното луле на Вилсон, за кое е познато дека „му помагала да се опушти“, е потврдено и со официјално писмо од самиот поранешен премиер до сегашниот сопственик кој ја купил на добротворна аукција во 1979 година. Очекуваната цена е помеѓу 349 и 580 евра.

Кетрин Саутон, од Catherine Southon Auctioneers, вели „Одушевена сум што ставам на аукција две иконски парчиња политички сувенири од двајца познати премиери во толку важен период од нашата политичка историја“.