Полутајна испорака на противракетен систем за Србија од Кина

Во Србија изминатиот викенд е испорачан софистициран кинески противракетен систем, во операција која е прекриена со таинственоста, додека Западот стравува дека трупањето оружје на Балканот во време на војната во Украина може да се закани на кревкиот мир во регионот, објавија во неделата американските медиуми.

Медиумите и воени експерти рекле во неделата дека шест транспортни авиони на кинеските вооружени сили слетеле на белградскиот цивилен аеродром рано утрото во саботата, очигледно донесувајќи го системот „земја-воздух“ HQ-22 за српската армија.

Кинеските транспортни авиони од типот „Y-20“ со воени ознаки фотографирани се на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Српското министерство за одбрана сѐ уште не дало одговор на прашањето во врска со тоа од американската агенција Associated Press.

Испораката на оружје преку териториите на најмалку две држави на НАТО, Турција и Бугарија, воените експерти го сметаат за демонстрација на растечкиот глобален досег.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно најави дека во вторник или во среда ќе биде претставено „ново вооружување“, коешто ќе биде досега најмоќното коешто Србија ќе го поседува.

Во 2020 година американски функционери вршеа притисок и го предупредија Белград да не ги купува кинеските противракетни системи „HQ-22“, наведувајќи дека Србија доколку сака да ѝ се приклучи на Европската унија и другите западни сојузи, мора да ја усогласи својата воена опрема со западните стандарди.

Кинеските противракетен систем се споредува со американскиот „Patriot“ и со рускиот систем „земја-воздух“ С-300, иако има покус дострел од понапредниот С-300. Србија, така, ќе биде првата земја во Европа којашто ќе има кинески ракетен систем.

На Запад сметаат дека руското и кинеското вооружување на Србија може да поттикне земјата да се подготвува за уште една војна, против албанските власти во Приштина кои во 2008 година еднострано прогласија независност на поранешнта јужна српска покраина Косово и Метохија. Србија, Русија и Кине не го признаваат Косово, додека САД и повеќето нивни западни сојузници го признаваат, додава агенцијата AP.

Иако Србија во Обединетите нации гласаше за резолуцијата со којашто се осудува руската офанзива во Украина, одби да се придружи на меѓународните санкции против Русија или директно да ги критикива „очигледните злосторства коишто во Украина ги извршиле руските сили“, истакнуваат американските медиуми.