Помала група на демонстранти и денеска се собраа за да протрестираат против пресудата за случајот „Монструм“, пишува телеграф.мк. Според овој портал, за разлика од вчерашните протести кои беа масовни со присуство на неколку илјади претежно млади лица, денеска нивната бројка е многу помала.
Групата која повторно тргна од „Јаја Паша“ по пат превртела неколку контејнери и се упатила кон Општина Чаир.
Според Портаалб, демонстрантите ја каменувале општинската зграда.
Силно полициско обезбедување и денеска е присутно во тој дел од градот со цел да се оневозможи евентуална ескалација на протестите.
На вчерашните протести беа повредени 20 полицајци, а приведени се шест лица.Со нови информации за вчерашните протести, МВР ќе излезе во текот на денот.
Извор: telegraf.mk