Помен за борците на ДАГ во Катлановска Бања

Пред споменикот во Катлановска бања денеска ќе се одржи помен за починатите и ранетите борци, Македонци и Грци, на Демократската армија на Грција (ДАГ).

Традиционално ќе се одржи панихида и ќе биде положено цвеќе на Споменикот на ранетите и починатите борци на ДАГ во Граѓанската војна во Грција (1946-1949), лекувани во Болницата во Катлановска бања 1947-1948 година.

Панихидата ќе ја отслужат свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија со благослов на неговото блаженство архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

За заинтересираните кои ќе сакаат да учествуваат на чествувањето ќе биде организиран автобусски превоз од такси паркингот спроти хотел “Холидеј Инн” со поаѓање во 8 часот.

Со поменот пред Споменикот во Катлановска бања се одбележуваат 73 години од крајот на Граѓанската војна во Грција и бомбардирањето со напалм бомби на Грамос и Вичо.

Настанот е организиран од страна на Сојузот на здруженија на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.