Министерството за правда, водено од министерот Бојан Маричиќ, предлага 48 лица да бидат помилувани, а меѓу нив и Александар Василевски – Нинџа, сведокот на јавното обвинителство за 27-ми април 2017 година, настан поради кој десетици македонски патриоти завршија во затворите во Македонија.
На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот Стево Пендаровски се и бизнисменот Сеад Кочан, какои Бобан Илиќ осуден за убиството на четиригодишниот Алмир во Куманово и други.
Од предложениот список за 45 лица се бара делумно помилување, а за тројца целосно помилување. Нинџа, кој беше сведок, подоцна е осуден зa истото дело „тероризам за настаните во Собранието на 27 април 2017 година“, поради кое се осудени десетици Македонци кои моментно се во македонските затвори.
Конечната верзија на списокот ќе биде испратен до Комисијата за помилување, во Кабинетот на шефот на државата, но веќе предизвика контроверзии во јавноста и спротиставени реакции на владините функционери од коалициските партнери СДСМ и ДУИ.
„Би сакал да објаснам дека министерот за правда не дава никаков предлог за помилување во овој случај ова се специфични помилувања бидејќи се работи за групни помилувања по повод Нова година кои се одвиваат секоја година и листите кои се предложени ги прават директорите на затоврите. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог листите се од затворите а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри“ рече во понеделникот министерот за правда од СДСМ Бојан Маричиќ за Утрински брифинг.
Агим Нухиу, заменик-миниустерот за правда од редовите на ДУИ, излезе со соопштение на социјалните мрежи во кое тврди дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од неговиот министер Бојан Маричиќ, а кој треба да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.