Помина опасноста од измрзнување на овошките

Ниските утринските температури под нулата предизвикаа штети кај овошките особено кај кајсијата која се наоѓаше во нај чуствителната фаза на почеток на формирање на плодот.

Среќна околност во овој период од годината кога се јавуваат доцните пролетни мразеви е што не беа на целата територија и кратко траева.

Според сегашните согледувања од предизвиканите штети треба да има само проретчување на родот, што од друга страна би значело до одреден степен помалку плодови, но со подобар квалитет.

Во наредниот период не се очекуваат негативни температури, а врнежите кон средината на неделава се добредојдени за второто прихранување на посевите со азотни ѓубриња и подобрување на влажноста во почвата особено во површинскиот слој.

Температурите од околу 20 степени се поволни и за изведување на работите на отворено во градинарството.

Времето без врнежи и цветањето на голем дел од овошките и другата вегетација се исто така добри и за пчелартсвото.