Поминал на црвено за да направи место за Брза помош, па добил казна

Британецот Френк Волингтон (76) добил казна откако поминал на црвено светло за да направи место за возилото на Брзата помош што минувало покрај патот во тој момент.

Камерата го фатила како поминува низ црвено, само една секунда откако се сменило од жолто. Брзата помош се приближувала со запалени сини светла зад него, а Френк тогаш сфатил дека нема друг избор освен да тргне напред и да ја пушти да помине.

Френк бил непријатно изненаден кога полицијата му изрекла казна од 100 фунти и три казнени поени и покрај тоа што само предниот дел од неговото БМВ ја преминало белата линија.

Пензионерот ја обжалил казната, но речиси една година останал без одговор. Сега му е кажано дека мора да се појави во Судот на Нотингем на 14 февруари доколку сака да ја оспори казната.

“Тие ме третираат како криминалец, а јас не направив ништо лошо. Ако беше брзината, ќе сфатев. Наместо тоа, ме казнуваат што ја направив вистинската работа. Алтернативата беше да се блокира и да се забави брзата помош”, рече Френк.

Инаку, во Британија камерите се прикачени на бројни семафори и автоматски ги фотографираат сите возила кои поминуваат откако ќе се вклучи црвеното светло.