Помошникот на рускиот претседател во делот на надворешните работи, Јуриј Ушаков ги прекори западните амбасадори кои не се појавија на церемонијата на инаугурација на рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека забораваат зошто се во Москва.
„Тие едноставно забораваат каде се и што е најважно зошто“, рече Ушаков. „Мислам дека нивните престолнини ги спречуваат да извршуваат нормални дипломатски функции, што е за жалење.
Таквото однесување „само по себе зборува многу“, им рече тој на новинарите.