Помошникот на највисокиот украински воен командант и началник на генералштабот Валериј Заслужни, загина кога експлодирал негови роденденски подарок, пренесуваат украинските медиуми.
„Денеска мојот пријател почина во трагични околности на својот роденден и опкружен од роднините“, објави во понеделникот вечерта Заслужни на платформата Telegram.
„Непознатата експлозивна направа“ била детонирана во еден од роденденските подароци кои ги добил мајорот Генадиј Частјаков. Медиумите пишуваат дека Честјаков имал сопруга и четири деца.
Според медиумите веројатна причина за загинувањето е несреќа. Имено на мајорот Честјаков како роденденски подарок добилл гранати, а една од нив експлодирала поради неправилно ракување.
Во полициското соопштение се зборува за „несовесно ракување со муниција“. Во експлозијата која се случила во околината на Киев тешко е повреден и синот на Честјаков.
Частјаков загинал во својот дом вечерта на 6 ноември, на неговиот роденден, а според шефот на Министерството за внатрешни работи, Игор Клименко, меѓу подароците што ги добил имало и кутија со воени гранати; Частјаков му покажал една од нив на својот син и предизвикал експлозија.
Медиумите потсетуваа дека Заслужни неодамна во изјава за британскиот магазин The Economist рече дека украинската противодбрана е во пат позиција поради што беше критикуван од кабинетот на претседателот Володомир Зеленски.
За самиот Заслужни во мај годинава, откако подолг период не се појавуваше во јавноста, се шпекулираше дека е тешко ранет, според сознанија на руска хакерска група која се повикува на своите доушници во редовите на украинските вооружени сили. Генералот Заслужни речиси цел месец не се појавуваше тогаш во јавноста а тоа се совпадна со серијата масивни ракетни удари на руската војска врз клучната воена инфраструктура и командни центри во Украина.
Во западните, украинските и руските медиуми подолг период се шпекулира за судбината на генералот Валериј Заслужни за кој се проценува дека поранешното воено советско образование може успешно да им парира на стратегиите на руските команданти. За Заслужни уште кон крајот на минатата година во украинските медиуми се шпекулираше дека ќе биде отстранет, поради големиот рејтинг со кој го загрозува влијанието на претседателот Зеленски, па дури се предупредуваше на негова можна ликвидација.
Но шпекулациите за здравствената состојба на врховниот командант на украинските вооружени сили се зголемија на почетокот од мај, кога шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, потврди дека Заслужни го откажал физичкото присуство на состанокот на организацијата на ниво на началници на генералштабови, па дури откажал да учествува и преку видео-конференција. Поради тоа, се појавија медиумските шпекулации дека тој можеби и загинал на фронтот. Сепак, заменичката на министерот за одбрана Ана Малјар брзо ги отфрли извештаите на наводното загинување на генералот Заслужни.
Во руските блогови и медиуми се шпекулира дека Заслужни, можно е да настрадал, при руско ракетирање на команден центар на украинските сили близу линијата на фронтот во источна Украина, кога наводно настрадале и најмалку десетина високи офицери од сојузничките земји.