![tramp desantis](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/tramp-desantis.jpg?resize=630%2C420&ssl=1)
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот најверојатен ривал за стекнување на номинацијата Републиканската партија на претседателските избори во 2024-та, Рон Денсантис, се согласни по прашањето дека помагањето на Украина во војната против Русија не е дел од „виталната“ програма на САД.
„Не можеме ангажманот во странство да го ставиме пред одбраната на нашата татковина“, изјави републиканската политичка ѕвезда во подем 44-годишниот Рин Десантис, гувернер на сојузната држава Флорида.
Со оваа изјава за Fox News, Десантис за кого се очекува многу наскоро да ја објави својата кандидатура за републиканската номинација, првпат изнесе конкретен став кон војната во Украина.
„САД имаа бројни витални интереси, да се обезбедат нашите граници (…), но поголем ангажман во територијалниот судир меѓу Украина и Русија не е дел од тие интереси“, рече Десантис.
Конзервативецот беше силно критичен кој ставовите на сегашната администрација на демократскиот претседател Џо Бајден во врска со војната во Украина.
„Сега не е моментот за потпишување бланко чекови за Киев“, оцени Десантис.
Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој исто така одговараше на прашањата на телевизијата Fox News, го повтори своето уверување дека судирот во Украина немало да се случи доколку тој останеше во Белата куќа.
„Да сум јас претседател, оваа ужасна војна ќе беше завршена за 24 часа или помалку“, рече Трамп.
Притоа, поранешниот американски претседател ја повика Европската унија да ја „зајакне својата помош на Украина“, бидејќи смета оти спротиставувањето на Русија е дел од нејзините стратешки интереси.