Американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата на вториот ден од посетата на неколку европски земји повторно предупреди на „опасноста од соработка“ со Кина и со Русија.
Зборувајќи во чешката престолнина Прага, шефот на американската дипломатија го критукуваше и предупреди на наводен ризик од планот за ширењето на чешката нуклеарна централа Дукавани. Во моментов, имено, само руски и кинески компании имаат референци за градење реактори, додека американските немаат речиси две децении активности во оваа сфера, особено надвор од САД.
„Партнерството со руските и кинеските нуклеарни компании, всушнот, ќе го загрози чешкиот суверенитет“, тврдеше Помпео на заедничката прес-конференција со чешкиот премиер Андреј Бабиш.
Пред посетата на Помпео на Прага, чешките медиуми не ја исклучија можноста државниот секретар да го искористи престојот да лобира во интерес на американската компанија „Westinghouse“ пред претстојниот тендер во Чешка.
Чешката влада во јуни минатата година донесе одлука за реализиација на проекот за изградба на нов енергетски блок во нуклеарата „Дуковани“. Неговата моќност треба да биде 1.200 МW. Изборот на компанијата изведувач, како што беше потенцирано тогаш, ќе биде направен до 2024 година.
За своите намери за учество на тенерот уште во 2018 година објавија американската „Westinghouse“, руската државна компанија „Росатом“, кинеската „China General Nuclear Power“, француската EDF, јужнокорејската KHNP, како и заедничката француско-јапонска корпорација „Mitsubishi Atmea“. Основните критериуми, како што истакнуваат во Прага, ќе бидат трошоците а изградбата, безбедноста и технолошките можности на предложените проекти. Покрај тоа, владата ќе ги земе предвид и геополитичките интереси на земјата.
Изградбата на новата енергетска единица треба да започне во 2029 година и да биде завршена до 2036 година. Тендерот се проценува на 140 до 160 милијарди чешки круни, односно во моментов 5,9 до 6,4 милијариди долари. Овој блок е еден од четирите активни во никлеарната централа „Дуковани“, изградени меѓу 1985 и 1987 година. Тругите реактори ќе бидат во функција до 2045 – 2047 година. Централата во моментов осигурува 20 отсто од енергетските потреби на Чешката Република.
За руското „поткопување“ на чешката демократија
Помпео, исто така, ја пофали Чешка за модернизирањето на вооружените сили и дека ја повлекла од употреба воената опрема од советската ера.
„Сакаме да го пофалиме фактот што Чешката Република ја избра американската тешка работа за да ја замени одбранбената опрема од советската ера и да ја намали зависноста од руската опрема. Тој избор и потесно ќе ја поврзе Чешката Република со одбранбените капацети на НАТО“, рече Помпео.
Говорејќи претходно во средата во чешкиот Сенат, горниот дом на парламентот, Помпео рече дека верува оти Русија прави обиди да ја поткопа демократијата во Чешка и нејзината безбедност.
„Чешкото искуство покажа со какви закани се соочуваат другите народи во Европа. Русија продолжува да ја поткопува вашата демократија и вашата безбедност и спроведува кампања на дезинформации и кибернетички напади“, рече Помпео без јасна референца на што се однесува неговото тврдење.
Односите меѓу Прага и Москва во последниот период се заладени откако на почетокот од април чешките власти во главниот град го демонтираа споменикот на советскиот маршал Иван Конев кој учестувал. Чешката дипломатија исто така испрати демарш до руската амбасада во Прага за протерување на двајца вработени во дипломатската мисија, бидејќи еден од вработените во руската амбасада наводно намерно испратил до контраразузнавањето лажна информација за планиран атентат врз чешки политичари.
„Ги испуштивме од вид тенденциите кои требаше да ги земеме предвид многу порано. Ја видовме смртта на авторитарните режими во 1989 и 1991 година. Но таа форма на владеење остана, таа едноставно беше зад хоризонтот. И покрај тоа што се надевавме дека овие режими заминаат во историјата, нашите надевања се покажаа како предвремени“, изјави Помпео.
Кина е поголеми предизвик од Студената војна
Во говорот во чешкиот парламент, Помпео, рече и дека смета оти заканата од Комунистичката партија на Кина за Вашингтон е поголем предизвик отколку своевремената Студена војна со СССР.
„Она што сега се случува во светот не е Студената војна 2.0. Спротиставувањето на заканата олицетворена во кинеската Комунистичка партија, во редица аспекти е многу потежок предизвик. Во голема мера се должи на фактот дека Комунистичката партија на Кина веќе навлезе во нашите економии, политиката и општеството во што Советскиот сојуз никогаш не успеа“, истакна шефот на дипломатијата на САД.
Според Помпео, нема причина да се верува дека „Пекинг ќе отстапи од ваквиот курс во блиска иднина“.
Помпео последните месеци настојува да ги убеди европските сојузници да го следат остриот курс на Вашингтон кон Пекинг. Во тој контекст беше создаден нов постојан формат на политички консултации меѓу ЕУ и САД за разгледување на „заканите од Кина за одбрана на слободата и демократијата од двете страни на Атлантикот“.
Неодамна заменикот кинески министер за надворешни работи Ле Јусјенг изјави дека некои американски политичари кои се противат на комунистичката власт во Кина, заборавиле дека Студената војна е завршена и ја предимензионираат „црвената закана“ од Кина.
Помпео и премиерот Бабиш потоа разговараа и за еконоксата и безбедноста на новите мобилни мрежи од 5G, Помпео реле дека водството на чешкиот премеир „придонее да се зацрта патот за повеќе од 30 нации и територии да станат чисти кога станува збор за 5G“.
Помпео во рамките на турнејата ќе ги посети уште и Словенија, Австрија и Полска со која ќе потише договор за зајакнување на воената присутност на САД во оваа земја, по повлекувањето на десетиците илјади американски војници од Германија и настојувањата да се зајкане военото пристуство поблиску до границите на Русија.