Помпео ја обвини Кина дека преку корупција го зголемува своите влијание

© REUTERS/Eric Thayer

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини во петокот Кина дека се обидува да го зголеми своето влијание со корумпирање на челниците на земјите во развој.

Во разговорот во радио емисијата на новинарот Хју Хевит, шефот на американската дипломатија Мајк Помпео ја нагласи подготвеноста на Кина да ги употреби своите пари ширум светот за да оствари свое влијание.

„Кога Кина нуди мито во замена за проекти во инфраструктурата, тоа има негативен ефект врз луѓето во таа земја“, рече Помпео и додаде дека „тоа е систем кој САД имаат намера да го сузбијат“.

Со зголемувањето на тензиите меѓу Вашингтон и Пекин поради трговијата, САД сѐ поотворено ги предупредуваат земјите во развој да се спротистават на кинеската економска офанзива. Помпео смета дека кинеската наклонетост да се користи воената каса за зголемување на своето присуство ширум светот се интензивирала последните две-три години.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг во 2015 година вети дека ќе издвои 250 милијарди долари за директни вложувања во Латинска Америка и на Карибите. Зборуваше и за двојно поголема сума во трговските размени, заканувајќи се со тоа Кина да ги замени САД од местото на прв трговски партнер на споменатите земји.

Американското обвинување за корупција влегува во контекстот на влошените билатерални односи меѓу САД и Кина. Освен високите царини кои ги одреди американската администрација за половината од производите кои се увезуваат од Кина, САД го критикуваат Пекинг и по прашањата и за верските слободи, а се загрижени и за кинеските воени активности во Јужното Кинеско Море, во водите преку коишто се одвива поморска трговија во вредност од пет билиони долари годишно.