Помпео: Не ја условивме Украина

Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека потенцијалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа не е условена со отворање истрага против синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.

Помпео на прес-конференција со Зеленски рече дека Вашингтон и Киев заедно ќе го договорат времето за посетата.

Помпео во Украина ќе се сретне и со премиерот Алексеј Хончарук и претставници на невладиниот сектор.

Во пресрет на посетата, Стејт департментот соопшти дека Помпео во Киев ќе ја „нагласи американската поддршка за украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет“.

Помпео во рамки на турнејата по Европа и Централна Азија ќе ги посети и Белорусија, Казахстан и Узбекистан.