Администрацијата на Доналд Трамп планира укинување на санкциите кон Венецуела доколку се прифати новиот предлог за преодна Влада, составена од претставници на претседателот Николас Мадуро и опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео на брифинг за новинарите.
На пресот, Помпео изјави дека рамковниот договор вклучува оставки на Мадуро и Гуаидо, спикер на парламентот на Венецуела, за oрганизација на предвремени избори најдоцна до крајот на годината и насоки за укинување на санкциите кон Венецуела.
Изборите треба да ги подготви преодна Влада предводена од Гуаидо.
-Притисокот од САД и меѓунарднaта заедница е важен дел од оваа стратегија. Санкциите остануваат и се засилуваат, се додека режимот на Мадуро не прифати вистинска политичка транзиција, изјави Помпео.
Планот на САД за транзиција во Венеуела е поттикнат од неможноста на режимот на Мадуро да се справи кризата во земјата и глобалната пандемија на Ковид-19, и САД пружат помош на народот на Венецуела за надминување на тешката ситуација.
-Ги повикуваме сите Венецуелци, од армијата и цивили, млади и стари, од сите идеологии и партии, внимателно и сериозно да го разгледаат овој рамковен договор.
Од Стејт департментот велат дека овој договор ќе обезбеди насоки за запирање на страдањето во Венецуеала и ќе отвори посветла иднина за земјата.