Државниот секретар Мајк Помпео денеска во разговар со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, го поздрави полноправното членство на земјата во НАТО и одлуката на ЕУ да започне пристапни преговори.
-Овие два историски настана станаа можни благодарејќи на Преспанскиот договор склучен во 2018 година, истакна Помпео.
Првиот човек на Стејт департментот високо го оцени лидерството на Пендаровски и Владата за достигнување на овие клучни стратешки цели. Како што се истакнува во соопштението на Стејт департментот, САД се убедени дека тоа ќе придонесе кон повеќе стабилност и прогрес на Западен Балкан.
Помпео и Пендаровски исто така разговарале и за меѓународните напори во борбата со Ковид-19.
Државниот секретар исто така истакнал дека САД стојат зад Македонија во ова време на криза.