
САД може да престанат да предаваат разузнавачки информации на Италија, доколку оваа земја соработува со кинески компании во областа на мобилните комуникации од петтата генерација (5G), предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Шефот на американската дипломатија, во интервјуто за италијанскиот телевизиски канал Sky TG24, истакна дека доколку американските разузнавачки агенции и министерството за одбрана дојдат до заклучок дека комуникациските мрежи во Италија се изградени со учество на кинески компании се нефигурни и каде „постои ризик за нашите информации“, тогаш САД ќе мора да прифатат „некои многу тешки одлуки“.
„Ние сакаме да бидеме партнер на Италија во сите овие сфери, но тоа не е случај кога ние би ја жртвувале националната безбедност на Америка, со цел да ги пренесуваме нашите информации онаму каде што постои ризикот дека непријателите или комунистичката партија на Кина може да имаат пристап до нив“, вели Помпео одговарајќи на прашањето за можните мерки од страна на САД доколку Италија соработува со кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei“.
Американската администрација го обвинува „Huawei“ за соработка со армијата и разузнавањето на Кина и за можни шпионирање во полза на владата во Пекинг. САД, исто така, вршат притисок врз редица земји да не ја користат инфраструктурата и опремата од кинеската компанија при префлрањето на стандардот на мобилните мрежи 5G. Кинеската компанија тврди дека обвинвуањата се неосновани, политички мотивирани и ги кршат принципите на на конкуренцијата на пазарот.
Вашингтон подолг период наназад врши голем притисок врз европските сојузници да не ја користат опремата од кинескиот комуникациски гигант „Huawei“ за развој на мобилната мрежа од петтата генерација. САД и Австралија ги затворија своите пазари за кинеската компанија, но европските држави сѐ уште не ја донесоа конечната одлук. Во прв ред Германија која засега го нема потпишано договорот со кинеската компанија, но го одбива американскиот притисок да ја исклучи од својот тендер за градење на 5G мрежата.