Помпео тврди дека Пјонгјанг е подготвен да дозволи инспекции на локациите за нуклеарни тестирања

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави во понеделникот дека севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун е подготвен да им дозволи на меѓународните инспектори прегледување на местата за нуклеарни и балистички тестирања, едно од главните проблематичните прашања во претходните ветувања за денуклеаризација.

Помпео, кој со Ким се сретна во текот на кусиот престој во Пјонгјанг во неделата, рече дека инспекторите би требало да ја посети постројката за тестирање на ракетните мотори и местото за нуклеарни тестирање Панџе-ри, штом двете страни ќе се договорат за логистиката.

„Има многу логистика којашто мора да се заврши“, рече Помпео пред заминувањето во Пекинг.

Американскиот државен секретар изјави дека двете страни биле „многу блиску“ до договор за поединостие за вториот сами, кој Ким минатиот месец го предложил во писмо до американскиот претседател Доналд Трамп. Двајцата челници во јуни го оддржаа историскиот состанок на врвот во Сингапур.

Патувањето на Помпео во Пјонгјанг, четвртото патување годинава, следеше по застојот во контактите кој настапи бидејќи Северна Кореја ги одби барањата на САД за неповратни чекори и предавање на нејзиниот нуклеарен арсенал, вклучувајќи го и севкупниот попис на оружјето и постројките.

Помпео на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во неделата му соопштил дека неговиот последен пат во Пјонгјанг бил „уште еден чекор нанапред“ кон денуклеаризација, но дека има уште „,многу чекори на тој пат“.

Во многу оптимистичен тон, севернокорејските државни медиуми во понеделникот објавија дека Ким ги пофалил разговорите со Помпео.

„Ким Џонг-ун изрази задоволство од плодните и прекрасни раговори со Мајк Помпео во кој двострано се разберени меѓусебните ставово и се разберени мислења“, објави во севернокорејската официјална новинска агенција KCNA.

Се наведува и дека двете страни се согласиле да се одржат работни преговори за вториот севернокорејскио-американскиот самит што е поскоро можно.