Американскиот државен секретар Мајк Помпео вечерва доаѓа во работна посета на Брисел каде ќе се сретне со новоназначените лидери на институциите на ЕУ, објави Европската комисија.
Помпео вечерва ќе има „воведна средба“ со новоназначениот шеф на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Ова е прва можност за лично запознавање и размена на мислења, рече портпаролката на Комисијата, Мина Андреева.
Европската комисија наведува дека посетата на американскиот државен секретар е планирана како посета за средба со новоназначените лидери на институциите на ЕУ и дека како таква ќе се одвива без изјави за медиуми и соопштенија.