За денешното понеделничко мени во Нетпрес решивме да готвиме нешто поинакво – торта со тиквички и мелено месо, а десерт неодоливи кремисимо коцки.
Потребни состојки
280 гр меко брашно
1 прашок за пециво
20 гр шеќер
150 гр свеж кравји кашкавал
60 гр топен путер
Сол
Прстофат бибер
Прстофат мускатно оревче
1 јајце
Фил
2 средни тиквички
Маслиново масло
1 мал кромид
1 чешне лук
400 гр мелено месо
Сол
1 лажичка црвен пипер
Бибер
Магдонос
Прелив
250 гр кисела павлака
125 мл течна слатка павлака
3 лажици густин
3 јајца
Бибер
Сол
Подготовка
За тесто ставете ги сите состојки во еден сад и со миксер направете глатко тесто. Тестото размесето го во круг со дијаметар 30 см и ставете го во премачкан округл калап со дијаметар 24 см.
За филот исчекајте ги тиквичките по должина, бланширајте ги кратко во солена вода и измијте ги во студена вода, а потоа наредете ги на чинија или хартија за печење.
На загреано масло запржете кромид и лук, додајте го меленото месо, сето тоа добро издинстајте го и додајте ги сите зачини.
На секое парче тиквичка распоредете од филот, замотајте и наредете ги врз тестото, така што ќе оставите малку простор меѓу нив.
За прелив измешајте ги сите состојки и прелијте ги преку тиквичките. Ставете во рерна загреана на 170 степени околу 45 минута. По печењето оставете околу 10 минути во исклучена рерна. Гарнирајте со половинки чери домати и коријандер.
Кремисимо коцки
Потребни состојки
2 пудинг
2 лажици пченично остро брашно
2 лажици пченкарен скроб
100 гр шеќер
1 л млеко
250 гр путер
200 гр чоколаден крем
5 крем банани
100 гр чоколадо
700 гр бисквити
Сок од 2 портокали
2 шлаг пена
250 мл млеко
Подготовка
Пудингот, брашното, скробот и шеќерот изматете ги во малку млеко.
Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од оган, додајте му ја разматената мешавина од пудинг и непрекинато мешајте варејќи минута до две.
Во разладениот пудинг измешајте путер и со миксер направете глаток крем. Кремот поделете го во три дела. Во првиот дел измешаје од чоколадниот крем, во вториот исечкани крем банани, а во третиот изрендана чоколада.
Бисквитите натопете ги во сок од портокал и распоредете ги во подготвен плех. На нив ставете од првиот крем, па повторно наредете бисквити, па од вториот крем и се така до третиот крем.
Шлагот истурете го во малку млеко и и мешајте со миксер додека не добиете цврст снег. Шлагот премачајте го преку колачот и добро изладете.