Согласно со Законот за празниците на РМ, 22 ноември – Денот на албанската азбука е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството на граѓаните припадници на албанската заедница во Македонија им го честита Денот на албанската азбука.