Понеделник неработен за сите граѓани

Првиот ден на Божик според православниот календар, 7 јануари, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството им го честитаат празникот на граѓаните од православна вероисповед.