![sudski-sovet](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/sudski-sovet.jpg?resize=696%2C468&ssl=1)
Решението на Судскиот совет со кое поранешната претседателка на советот, Весна Дамева, беше разрешена од претседателската функција, е поништено, објави МИА.
Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува оваа одлука со која таа се враќа на претседателското место во Судскиот совет.
– Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција ѝ се неопходни реформи, стои во соопштението од Министерството за правда.
Од таму дополнуваат дека одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на право.
Од Судскиот совет велат дека ќе се чека на пресудата, бидејќи и тие за ова дознале од медиумите.