Пониски цени на индустриските производи на домашен пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември е повисоки за 0,7 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво се пониски за 2,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември оваа година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 2,2 отсто.

Во декември 2013, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 3,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4 отсто, Капитални производи за еден отсто и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто.