![mihael ben ari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/mihael-ben-ari.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Врховниот суд на Израел објави во неделата дека ја поништил кандидатурата за претстојните избори на Михаел Бен Ари, лидер на партијата од крајната десница Оцма ле-Израел (Еврејска сила) кого израелскиот дражвен обвинител го обвини за поттикнување антиарапски расизам.
„Бен Ари поттикнува на омраза против арапското население врз основа на етнички и националистички ставови“, предупреди Авишаи Манделблит.
Претходно изборната комисија го пренабрегна ставот на државниот обвинител кој се изјасни за изземање на челникот на крајната десница.
Израелските Арапи претставуваа 17,5 отсто од вкупното население на Израел.
Изборната комисија на 6-ти март ја потврди спорната кандидатура на Михаел Бен Ари за парламентарните избори во 9-ти април, но опозициската левичарска пратија Мереџ бараше од Врховниот суд да ја поништи.
Партијата Еврејска сила соопшти дека ова е првпат во израелската парламентарна историја изборната комисија да прифати нечија кандидатура, а на крајот таа личност да не може да се кандидира.