Понито на Урсула фон дер Лејен наводно го усмртил волк

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, објави дека целото нејзино семејство е „ужасно вознемирено“ поради угинувањето на едно од нивните пони коњи кого, како што се сомнева, го убил волк.

„Таа вест ужасно го вознемири целото наше семејство“, изјави во соопштение 63-годишната фон дер Лејен откако настрадало нејзиното пони Доли.

Според нејзиниот портпарол, понито имало 30 години. Бел на пасење со друго пони кое не е повредено. Германскиот весник Bild пишува дека сопругот го пронашол трупот на понито „само стотина метри од семејната куќа“.

Министерството за природна средина на германската сојузна покраина Долна Саксонија, каде што живее семејството фон дер Лејен, потврди дека се сомнева оти станува збор за напад на волк кој се случил во четвртокот вечерта во градот Бургдорф, североисточно од Хановер, главниот град на покраината.

Мртвото животно е пронајдено во петокот на ледина во населбата Беинхорн, а примерок од каснувањето упатува на напад од волк, изјави во саботата портпаролот на министерството на Долна Саксонија. Според него, надлежната земјоделска комора во покраината забележала сомневање на каснување, а следните денови ќе биде извршена ДНК анализа за да се утврди дали понито било нападнато од веќе регистриран волк.

Најновите податоци на министерството покажуваат дека во покраината на Долна Саксонија живеат 39 чопори волци и четири волци самотници. Станува збор за вкупно околу 350 волци. Неодамна вестите за тоа дека граѓани веројатно забележале волци, дојдоа и на насловните страници на локалните медиуми во Хановер.