Понудата на Јувентус за Алегри била гром од ведро небо

Новиот тренер на италијанскиот калчо – гигант Јувентис Масимилијабно Алегри беше без работа од јануари откако Милан му врачи отказ, а на клупата на Јувентус пристигна на големо изненадување на италијанската јавност, откако Антонио Конте поднесе оставка.

„За мене ова е чест, но и гром од ведро небо откако ми се јавија и ме прашаа дали сакам да бидам тренер на Јувентус. Од утре започнувам со работа, заедно со клубот, играчите, интернационалците кои учествуваа на Светското првенство, за да имаме важна и победничка сезона“, изјави Алегри.

„Сфаќам дека навивачите моментално би можеле да бидат скептични затоа што тренерот е променет за 24 часа. Ќе се обидам да ја добијам нивната доверба со добри резултати, напорна работа, почитување и професионализам. Немам намера радикално да ја менувам екипата. Ќе работам со играчите и ќе се обидеме овој тим да го засилиме. Јувентус и натаму е фаворит во Италија, додека во Европа има уште многу силни клубови. Во Европа мораме да бидеме меѓу осумте најдобри“, додаде Алегри.