
Новата седмица ќе започне со претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринските температири се движат од минус 1 до 7 степени, додека максималните дневвни ќе бидат во интервалот од 2 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со максимална дневна температура до 9 степени.