Попетрески до Арсовкса: И јас комуницирам со претставниците на меѓународната заедница, нив не им е јасно каде има злоупотреби во пречистелната станица за кои обвинуват

Во вчерашната емисија „360 степени“ на Алсат телевизија гостуваше Данела Арсовска, градоначалничката на град Скопје. Васко Попетрески и рече на градоначалничката дека и тој комуницира со претставници на меѓународната заедница, и тие велат дека не им е јасно каде има злоупотреби во пречистителната станица.

„Не ни одговоривте ништо, и Вие сигурно комуницирате со меѓународните претставници и ние комуницираме. И тие велат дека нивен интерес е дека големите инфраструктурни проекти во главниот град се спроведуваат“, нагласи Васко Попетрески кога ја прашуваше градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска до кај е проектот со пречистителната станица и дали е загрозен.

Таа во своето излагање во неколку наврати нагласи дека проектот во ниту еден момент не бил загрозен.

„Во случајот со пречистителната станица на меѓународната заедница не им е јасно и не знаат каде е сомнежот за корупција“, рече Попетрески.

„Јас имам состаноци со сите нив, и на сите се му е јасно“, нагласи Арсовска.

„А, што ако се испостави дека турска фирма ќе победи“, ја запраша Попетрески градоначалничката Арсовска.

На тоа градоначалничката рече дека не знае која фирма ќе победи бидејќи таа не знае ниту која фирма има аплицирано.