о денеска попишани се 45. 755 граѓани преку онлајн апликацијата на Државниот завод за статистика.
Податокот, како што стои на нивната веб страницата, е заклучно до 9 часот денеска.
Преку онлајн апликацијата се попишуваат иселениците и вработените во дипломатско-конзуларните претставништа. Попишувањето во земјава ќе почне на 1 април и ќе трае до 21 април.
Пописот во земјава се прави по цели 19 години.