Пописот е огромен ризик по јавното здравје

Пописот е огромен ризик по јавното здравје, a прашање е дали директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, може навистина како што тврди да ја гарантира безбедноста и почитување на протоколите, кој со здрав разум може да ја гарантира безбедноста и почитување на протоколите на 2.500 попишувачи, оцени во средата Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“

Опозицискиот пратеник, во текот на разговорт за Радио Лидер , посочи дека е јасно видливо оти станува збор за целосно политизирана и целосно нарачана операција.

„Ако ги погледнете извештаите меѓународните организации, во нив има препораки да биде одложен и да биде поврзан со процесот на имунизација. Кај нас нема имунизација, и ние сме запнале да тераме попис како чиста, за жал, политичка операција, а директорот на ДЗС целосно неодговорно гарантира дека ќе се почитувале протоколите, како може некој да гарантира“, рече Лефков.

Додаде дека власта упорно сака попис, а не е способна да обезбеди заштита на граѓаните,. Притоа посочи и на големиот број заболен персонал во ковид-центрите .

„Хипотетички, попишувачот е позитивен, не е заболен, ама треба да оди во карантин 20-ина дена. Кој ќе ги плати тие денови, директорот на ДЗС? Знаете што значи гаранција? Како може директорот на ДЗС да гарантира безбедност? Директорот на ДЗС единствено може да апелира, тој може да се заложи, но под никако не може да гарантира“, истакна Лефков.