Попладне дожд, температури до 29 степени

Променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и особено во посеверните делови ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека дневните од 17 до 29 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Во делови од регионот ќе има услови за краткотарен пороен дожд и ретки грмежи.

До сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. Денес ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а во сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.