![dozd cador](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/dozd-cador.jpg?resize=640%2C428&ssl=1)
Нестабилно со повремени врнежи од дожд, што на места ќе бидат и над 20 литри на квадратен метар, најавуваат метеоролозите за денеска попладне и утре.
Од УХМР информираат дека денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), проследени со грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.